„Иди зима, Битола ќе продолжи да умира“ – активисти поставија знаци да потсетат на загадувањето

Битола се разбуди со знаци за предупредување од загадувањето и да укажат на негрижа од локалната власт. Битолските активисти поставија знаци на шахтите.

„Битола е град со најголем број на заболени од малигни неоплазми. Секоја нова зима како и претходните, не се преземаат никакви мерки, иако загадувањето е огромно. Секоја нова зима како и претходните, Битолчани се болни и умираат. И во летните месеци нивото на загаденост е покачено, но зимата за Битола е погубна. Потсетуваме: Иди зима, Битола ќе продолжи да умира“, апелираат активистите.