И Маврово и Ростуше побараа онлајн настава, поради алармантната состојба со Ковид-19

Кризнот штаб на Општина Маврово и Ростуше поради алармантата состојба со Ковид-19 во регионот, побараа од надлежните наставата во сите основни и средни училишта во Општината првиот месец од почетокот на учебната година да се одвива онлајн.

Во барањето доставено до Министерството за образовение и наука, Кризниот штаб на Владата, Комисијата за заразни болести и Министертвото за здравство се наведува дека Кризниот штаб го доставува ова барање откако одговорните од Здравствениот дом „Русе Бошковски“ пријавиле дека актуелната состојба со Ковид-19 е надвор од контрола.

„Врз основа на презентраните податоци, моментната состојба се оценува како алармантна, односно дека состојбата е вон контрола, вирусот е распространет во сите населени места на територијата на Општината. Во моментот регистрирани се над 500 лица кои се заразени, односно се активни, претпоставка е дека нивната бројка е многу повисока, бидејќи многу заразени не се јавуваат на преглед во почетна фаза“, стои во барањето.

Од Кризниот штаб констатираат дека оваа бројка за мала општина како Маврово и Ростуше е драматична.

„Поради вака настанатата состојба бараме да се донесе одлука за следење на онлјан настава во траење од еден месец за сите ученици од четирите основни и средното општинско училиште. На тој начин сметаме дека ширењето на вирусот ќе биде намалено, односно состојбата може да се следи и стави под конрола од страна на здравствените работници“, се додава во барањето на Кризниот штаб.

За потсетување, претходниве денови и Општина Тетово побара да се одложи почетокот на учебната година со физичко присуство на учениците за три недели поради сериозната епидемиолошка состојба во Полошкиот регион. Комисијата за заразни болести донесе препорака средните училишта во Тетово и Гостивар првите две недели од новата учебна година да ги започнат со онлајн настава. Основните училишта, пак, може да почнат со физичко присуство.