Хуманитарна акција за обезбедување училишен прибор за првачињата во Охрид

„Среќно првачиња“- е насловена хуманитарната акција што се реализира по претходна граѓанска иницијатива и идеја на група хумани индивидуалци, а е поддржана од ЛК „Лихнидос“, објави „Охрид њуз“.

Целта на акцијата е да им се овозможи среќен и безгрижен почеток во новата учебна година на сите првачиња во Охрид, чии  родители немаат доволно средства за да им го обезбедат  потребниот училишен прибор.

Хумани индивидуалци,  здруженија и организации, претставници на бизнис секторот можат учествуваат во акцијата и да донираат нов училишен прибор, ранци за на училиште и книги, во пунктовите за донации поставени во книжарниците во градот Охрид: „Просвета“ ( Охридска Чаршија), „Алби“, „Снежана“, „Пинокио“, „Варе“.

Може да се донира и во продавниците Топ Маркет, Тамаро, Аеро Плус книжарата, Пинк Пантер, Чинго Автоделови, Пекара Мартина и Аптеката Флос, каде се поставени кутии за донации.

Обезбедениот материјал потоа ќе им се подели на првачињата во училиштата според намената, ставајќи акцент притоа на првачињата од училиштата во руралните средини.

Извор: Охрид њуз