Поради технички проблеми се продолжува рокот за пријава на Годишните конкурси на Министерството за култура

Министерството за култура информира дека поради технички проблеми кои настанале поради преоптоварување на системот, рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година се продолжува до среда (8 ноември), до 23:59 часот.

„Нагласуваме дека во последните 24 часа пристигнаа над 800 пријави и апелираме да не се чека последниот момент за да избегнеме попречување во аплицирањето од технички аспект“, стои во соопштението на Министерството.

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги.

Годишниот конкурс беше отворен на 3 октомври, а новина за следната година е што ќе има нова програма за креативни индустрии кои не се дел од други конкурси и кои досега немало можност да бидат финансирани.