Холандски лидер на десничарите осуден за говор на омраза

Популистичкиот и анти-муслимански политичар Геерт Вилдерс од Холандија е обвинет за говор на омраза, поради водење на марш против имигранти од Мароко.

Судијата Хендрик Стинхуис изјавил дека судот нема да одреди казна за Вилдерс за говорот на омраза кон мароканските имигранти, велејќи дека самата осуда е доволна казна за политичар кој бил избран на демократски избори.

Вилдерс е лидер на радикалната десничарска Парија за слобода, за која се очекува да има поголема поддршка, а можно е да добие и 35 парламентарни места на изборите во март 2017 година.

Вилдерс беше обвинет за водење на марш против пристигањето на имигранти од Мароко во Холандија.

Не бил присутен во судот кога била прочитана пресудата, но уште пред одлуката на судијата изјавил дека нема да дозволи осудувањето да го замолчи“.

„Без разлика која е пресудата, ќе продолжам да ја кажувам вистината за проблемот со Мароканците, и ниту судија, политичар или терорист ќе може да ме сопре“, „твитнал“ кратко пред да биде донесена пресудата.