Гугл создаде ВИ алатка која од текст прави музика

Истражувачите на Гугл креираа алатка со вештачка интелигенција (ВИ) која текстуалните парчиња ги претвора во музика. Алатката може да трансформира и свиркање или мелодија во други инструменти.

Ова е слично на системот „DALL-E“ кој создава фотографии од пишани потсетници. Моделот на алатката за музика се вика „MusicLM“ и додека обичниот корисник не може да ја употребува за свои потреби, компанијата веќе објави неколку примероци музика продуцирани преку алатката.

Примероците се импресивни. Има фрагменти кои траат 30 секунди креирани од долги описни параграфи кои опишуваат жанр, вибрации и други специфични инструменти, а има и петминутни траки кои се генерирани од два збора како на пример „мелодично техно“.

Фрагментот „Story mode“ е генериран преку зборовите: „електронска музика во видеоигра“, „музика за медитирање пуштена покрај река“, „пожар“ и „огномет“.

„Story mode“ може да се слушне овде.

„MusicLM“ може да симулира и човечки вокали. Иако се чини дека правилно го фаќа тонот и целосниот звук на звуците, сепак финалниот производ не е со најдобар квалитет. Најдобриот начин да се опише како звучи ваквиот примерок е ако се каже дека звучи статично. Тоа прилично се илустрира преку овој примерок.

Ова е музика што би можела да се пушта во теретана. Текстот е бесмислен, но ако не се обрне внимание тоа не се забележува многу. Всушност тоа е како да слушате нешто што би требало да е англиски јазик, но не е.

Тука може да се слушнат продолженија на мелодија започната од неколку зборови или ноти на инструмент.

Од Гугл велат дека засега алатката и наодите од истражувањето при нејзино креирање ќе бидат достапни само за луѓе кои работат на создавање на други музички системи со помош на ВИ. Оттаму додаваат дека јавно се објавени податоци со околу 5.500 парови музика-текст кои може да бидат корисни за обука и проценка на други музички ВИ системи.