DJ сет на Крсте Стефановски во рамки на „Cult+Alt+Repeat“

Во рамки на културното лето во Младинскиот образовен форум – „Cult+Alt+Repeat“ овој петок, 6 август, ќе се одржи DJ сет на Крсте Стефановски (DJ К-Р-К). Настанот ќе започне во 19 и 30 часот во дворот на МОФ.

Стефановски има настапувано на повеќе локации како АМОК радио, „Noods“ радио, како и  клубот „Shortbus“.

„Крсте, за себе, вели дека ужива во електронска музика, во екпериментирање, во социјализација со интересни луѓе и во миксање на нови песни. Несомнено шармира со својот препознатлив стил и препознатлив избор на музика“, објаснуваат организаторите.

Културното лето во МОФ трае од 29 до 31 август, а младите преку повеќе настани ќе имаат прилика да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушаат квалитетна музика од домашни артисти, да научат да цртаат, да дизајнираат на некоја дигитална алатка, да креираат уметност со примена на ре-употреблив дизајн, да проследат актуелен филм, но и да се опуштат со јога.

Преку Cult+Alt+Repeat, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културно дружба и активизам.