Групна изложба „Во дијалог со природата“ по повод Денот на пролетта

По повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата, во четврток (21 март) во галеријата „Ко-Ра“ ќе биде отворена изложбата „Во дијалог со природата“.

„Оваа традиционална изложба е во рамките на мултимедијалниот проект од ангажиран карактер со цел да го дадеме својот креативен придонес во афирмацијата на оваа проблематика од круциелно значење за спас на нашата Планета Земја и запазување на бројните видови  од нејзиниот биодиверзитет  со дела кои се во разнородни техники но со акцент на рециклирањето“, пишува Виолета Калиќ, куратор на проектот.

Помеѓу учесниците  на оваа традиционална годишна изложба се: Академик Проф Д-р Фехим Хусковиќ, Мирсада Балиќ од Сарево (Босна и Херцеговина) Мира Спировска,  М-р Валентина Илијевска, М-р Билјана Билбилоска,М-р Марија Светиева, М-р Наталија Пулејкова Радеска,Лара Ташковска, Љубе Алексовски, Проф Александара Таневски, м-р Славица Танеска, м-р Жанета Радевска Спировска, Виктор Бранжолица, Ивона Велковска, Виолета Николова Виле,Марија Роглева, Анет Вртеска,  Проф Д-р Билјана Петановска Илиевска, Андријана Андреева/ Ани Соро,  Сузана Арсова,Јорданка Мирковска, Ј.Ивановска, Гордана Винчиќ, Маја Андонова Јокиќ, студенти од класата на проф Нашата Милованчев од УКИМ Факултет за архитектура.

Отворањето ќе биде во 19:30 часот во галеријата при Домот на култура „Кочо Рацин“ кој повеќе од три децении ја афирмира оваа проблематика преку тематски изложби со заложба за рециклирање на отпадоците, изложби од  од мултимедијален карактер, инсталации, бројни ликовни акции и преформанси креирани од сите генерации.

Дизајн на плакатот и поканата се на м-р Билјана Билбилоска.