Град Скопје побара раскинување на договорот за новогодишно украсување – следната година ќе украсува сам

Град Скопје побара раскинување на договорот со „Линк медиа плус“ за новогодишно украсување на градот во вредност од 243.ооо евра.

Ваквото барање, како што велат, е поради енергетската криза која ја проласи Владата и имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена.

Следната година пак, од Град Скопје велат дека наместо досегашната практика, градот ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на градот со што ќе се заштедат, како што додаваат, значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси.

Оттаму се децидни дека ова е прв пример за воспоставување нова пракса на одговорно и транспарентно работење на градот, со што, како што велат, ќе стават крај на неодговорното работење и трошење на градските буџетски средства.