Град Скопје: Ќе има новогодишно украсување, но за драстично пониска сума од она што се трошело

Градот Скопје соопштува дека оваа година Скопје ќе биде украсен, но за драстично пониска сума од она што, како што велат, досега секоја година се трошело на украсување на градот преку сомнителни набавки.

„Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра. Минатата година, во време на најголемата глобална економска и енергетска криза, градот беше накитен без дополнителни трошоци, а средствата предвидени за китење, но и трошоците кои порано се правеле за ручеци и пиење по кафани, беа наменети за ранливите категории на граѓани“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Украсувањето е започнато, дополнуваат од Градот, а како и секоја година, главниот град ќе блесне со новогодишна магија на 15-ти декември.