Град Скоје го објави повикот за субвенционирање печки на пелети

Градот Скопје го објави јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот за набавка на печки на пелети.

Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што ќе купат печки на пелети од денот на објавување на јавниот повик, а заклучно со 21 мај 2018 година, ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Јавниот повик ќе трае 45 календарски денови од денот на објавувањето, поточно од 5 април 2018 година, заклучно со 21 мај 2018 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.