Голем астероид вечерва ќе помине покрај Земјата

Астероид со големина на минибус ќе помине покрај Земјата вечерва по полноќ, јавува „Би-Би-Си“.

Вселенската карпа треба да помине покрај јужниот дел на Јужна Америка на растојание од 3.600 километри.

Научниците предупредуваат дека не треба да се создава паника за поминувањето на астероидот, но оваа појава укажува дека сè уште има астероиди со значајна големина што не се откриени, а демнат во близина на Земјата.

Конкретно овој астероид, познат како „2023BU“ беше забележан минатиот викенд од страна на астрономот Генади Борисов кој оперира на полуостровот Крим.

Последователните набљудувања го рафинираа она што го претпоставуваа научниците за астероидот и поважно, за неговата орбита.

На тој начин, астрономите може да бидат сигурни дека вечерва тој ќе ја промаши планетата, иако ќе влезе во внатрешноста на лакот окупиран светските телекомуникациски сателити кои се наоѓаат на 36.000 километри над нас. Сепак, како што велат, веројатноста дека астероидот ќе удри во сателит е многу многу мала.