Германија компензираше стотици граѓани обвинети под законот за хомосексуалност за време на нацизмот

Германија финансиски компензираше скоро 250 лица кои биле обвинети, осудени или набљудувани поради законот за хомосексуалност воведен во време на нацизмот, пренесува „Еуроњуз“.

До септември, 317 граѓани аплицирале за компензација поради тоа што биле обвинети за хомосексуалност, известува Правната канцеларија. Министерството истакнало дека досега исплатило компензација од скоро 860.000 илјади евра за околу 249 случаи.

14 апликации сè уште се разгледуваат, 18 биле одбиени, а 36 биле повлечени, додале од надлежната институција.

Таканаречениот „Законски параграф 175“ останал на сила во Западна Германија за време на нацизмот, сè додека хомосексуалноста била декриминализирана во 1969 година.

Помеѓу 1949 и 1969 година, околу 50.000 луѓе биле осудени според законот, кој првично бил усвоен во 19 век, но поостро се применувал за време на нацизмот.

во 2017 година, германските законодавци донеле одлука за поништување на илјадници обвиненија. Тие кои биле осудени добиле компензација од 3.000 евра, плус по 1.500 евра за секоја година помината во затвор.

Две години подоцна, во Берлин исто така била воведена компензацијата за лицата кои биле набљудувани и испрашувани, но не биле осудени.

Исплати од 500 евра им биле понудени на сите оние кои биле под распит, а по 1.500 евра биле понудени за сите професионални, финансиски или здравствени проблеми со кои се соочувале обвинетите поради законот.

Од германскиот Парламент исто така дополниле дека жалат што законот останал на сила и по војната и не бил отстранет сè до 1994 година.

Севкупно, поради законот биле осудени 68.300 илјади лица во двете германски држави.