[Галерија] Започна Националното дебатно првенство за почетници

Националното дебатно првенство за почетници започна вчера попладне во гимназијата „Орце Николов“, каде се вклучија повеќе 150 млади дебатери или 50 тимови кои дебатираа на тезата „Овој Дом би им забранил на сите земји кои кршат човекови права да учествуваат на сите големи меѓународни забавни настани“.

Од Младински образовен форум (МОФ) информираат дека рундите продолжуваат и денес, а утре (недела) ќе се дознаат четвртфиналистите, полуфиналистите, а по финалната рунда и победниците на турнирот.

„На сите дебатери им посакуваме успех, критичко размислување и аргументирано иразување“, соопштија од МОФ.

Инаку, Национално дебатно првенство за почетници се спроведува во рамки на проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за лицата под мандатот на УНХЦР” кој Младински образовен форум го спроведува во партнерство со Канцеларијата на Висок комесаријат на ООН за бегалци УНЦХР.