Секој од нас има по некоја фотографија која го дефинира нашето детство. Во зависност од желбите и вкусот на нашите родители, ваквите слики можат да бидат спонтано овековечени среќни моменти, но и изблици на неверојатен кич. Оваа галерија ги претставува луѓето кои отишле чекор понатаму од поставувањето на детските фотографии на Фејсбук – тие сега, како возрасни, ги реинкарнираат позите од детството.