[Галерија] Улични примери на „вандализам“ кои на градовите им даваат смисла  

Бунтот може да биде форма на уметност. И тоа од оној тип на „F you, I won’t do what you tell me“, како гласеше култната тема на „Рејџ агенст д машин“. Или од посуптилна форма, каде пораките се „затскриени“, а сепак прикажуваат одреден социјален, еколошки, културолошки или политички проблем. Или пак, едноставно, некогаш бараме бунтовнички пораки во уметноста, а таа – не ги содржи, или не содржи она што го бараме, туку наместо социјален коментар е изблик на бои или интерни состојби на уметникот. Се’ е легитимно. Се’ додека има креација и искреност.

Сето ова важи и за графити и уличната уменост. За да се биде ваков уметник, тоа по автоматизам не значи дека тој е „одметник“. Некои од најпознатите современи уметници, исто така, се занимаваа со графити и улична уметност, од Кит Харинг и Жан Мишел-Баскијат до Шепард Фери и Бенкси.

Оттука, љубовта кон ваков вид уметност е заеднички двигател на заедницата на редит r/Graffiti. Тоа е место за ентузијасти, уметници и почитувачи на графити, мурали и различни улични креации, кои може да се сретнат по згради, мостови, возови, ѕидови, сокаци…

Претставуваме дел од содржините на заедницата r/Graffiti, објевени преку BoredPanda: