[Галерија] Слободни реки за слободни деца

Центар-Јадро вчера беше домаќин на настанот „Слободни реки за слободни деца“, настан каде беше поставена изложба, проекција на филмот „Заробени реки“, како и мини концерт на инклузивниот хор на Колектив Ветерница и Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром, Трисомија 21 – Скопје.

Настанот беше организиран на Светскиот ден на водите, па, оттука, со изложбата беше раскажана и приказната за „Флуви“, заштитникот на слободните реки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Engage Kicks & Gigs (@radiomofmusic)

Како колектив за користење на креативна енергија, од Ветерница велат дека со поддршка на SEENET и Еко Свест тргнаа во инклузивна истражувачка експедиција за природната средина со особен фокус на реките.

„Нашиот поток со притоките на Општествената градина – Бостание, Природно научниот музеј на Македонија и КСП Центар Јадро, стана вистинска река со богата флора и фауна во која се роди ‘Флуви’. А што е ‘Флуви’? Флуви е полу човек – полу риба. Флуви е мутант риба. Флуви е раскажувач за реките. А што се реките? Реките се изворот на живот на планетата земја и нашата мисија е да ги чуваме слободни, природни и чисти“, велат од Колектив Ветерница.