„Free To Be“ – оналјн мапа за пријавување на сексуално злоупотреба во јавен простор

За многу жени, дофрлањето и сексуалната злоупотреба на улица се честа појава во секојдневниот живот. Бидејќи ваквите инциденти често остануваат непријавени, организација во Австралија одлучила да создаде онлајн алатка која ќе им помогне на жените при вакви случаи.

Free To Be е создадена од хуманитарната организација за деца Plan International и компанијата за онлајн мапирање Crowdspot. Намерата е жените да можат да пријавуваат каде се почувствувале небезбедно, како и на кои локации можат слободно и безбедно да се движат.

При развојот на алатката, организацијата спровела и анкета на која одговарале девојки на возраст од 15 до 19 години. Една третина од испитаничките рекле дека се чувствуваат небезбедно да излегуваат сами навечер.

Од организацијата велат дека многу има многу пријавени случаи и сексуалната злоупотреба на жените се случувала почесто одошто мислеле.

Онлајн мапата е засега достапна само во Мелбурн, но откако е лансирана, има повеќе од 800 географски локации пријавени од корисничките.

Податоците ќе ги споделат со Градот Мелбурн, со кого Plan International соработуваат за да добијат повеќе информации за малтретирањето во јавен простор.

Од организацијата се надеваат дека алатката ќе се прошири низ Австралија и интернационално, но и дека ќе биде направена мобилна апликација по истиот модел.

Истовремено, разговараат со локалната полиција и компаниите за јавен транспорт кои сакаат пристап до податоците, како и со други општини кои имаат потреба од нив.