[Фото] Во Амстердам се отвори подводната гаража во која има место за 7.000 велосипеди и нула автомобили

По четири години од започнувањето на изградбата, во Амстердам неделава се отвори огромната подводна гаража за паркирање велосипеди со простор за 6.300 велосипеди и дополнителни 700 спремни за позајмување.

Проектот вреден 60.000 милиони евра можеби звучи чудно за луѓето надвор од Холандија, но не и за жителите на Амстердам од кои според податоците 35% возат велосипеди на дневно ниво.

Подводната гаража лоцирана на Централната станица во главниот град до февруари треба да го прошири својот капацитет до 11.000 велосипеди.

Новинарот на „Врџ“, Томас Рикер пишува дека гаражата е беспрекорна и оддава сериозни вибрации на легендарниот научно-фантастичен филм на Спилберг „2001: A Space Odyssey“.

„Се отвори во средата и веќе се користеше во четвртокот кога отидов и јас. Внатре, во 24-часовно отворениот објект имаше неколку стотици велосипеди и десетици велосипеди за изнајмување. Важно е што внатре видов и дневен екипаж вработен за чистење на гаражата и екипа на вработени кои се подготвени љубезно да ти објаснат како функционира сѐ“, забележува Рикер.

Паркирањето во гаражата е бесплатно првиот ден, секој ден потоа се наплаќа по 1,35 евра за велосипед. За да се влезе внатре треба да се поседува „OV-chipkaart“ (холандска транспортна картичка поврзана со вашата банка) или „Fietstag“ – чип кој се става на велосипедот и потоа на вработениот му се потребни само две минути за да пронајде каде е паркиран вашиот велосипед.

Оваа подводна гаража е инженерско чудо, но и таа не е без маани. На пример, нема означено паркинг место за големи товарни велосипеди кои се многу чести во Амстердам бидејќи ги користат семејства со мали деца. Покрај тоа, нема ниту места за полнење на електрични велосипеди што е пропуст за земја во која речиси половина од велосипедите што ги користат луѓето се електрични.

Освен тоа, како што пишува Рикер, внатре не може да се влезе преку чекирање со мобилен телефон, смарт часовник или дебитна картичка, па туристите се принудени да позајмат транспортна картичка од познаници за да влезат. Сепак, како што вели тој, ова се ситници во споредба со сѐ друго што нуди гаражата.

Неодамна беше објавено и „тајм лапс“ видео на кое е прикажан процесот на изградба на гаражата, од поставувањето на темелите до финалниот изглед.

Фотографии и текст: Томас Рикер, „Врџ“