Инвеститорите во Општина Аеродром ќе мора да планираат паркинзи за велосипеди во новите објекти

Инвеститорите во Општина Аеродром во рамки на градежните парцели во иднина ќе мора да планираат паркинзи за велосипеди при изградба на сите нови станбени, деловни и јавни објекти, информираше вчера Општина Аеродром на официјалната Фејсбук страница.

Оттаму посочија дека одлуката е донесена на последната сеница на Советот во согласност со Законот за градење, Законот за локалната самоуправа и соодветниот Правилник за урбанистичко планирање, како една од конкретните мерки за заштита на животната средина.

„Општина Аеродром има за цел да го поттикне користењето на велосипедите како превозно средство преку овозможување услови за нивно користење и паркирање, односно преку обезбедување доволен број паркинг места и соодветна инфраструктура за безбедно движење“, стои во објавата на Општина Аеродром.

Инаку, на почетокот на април, Советот на Општина Центар го усвои предлогот на иницијативата „НаТочак“, а со одлуката се воведе обврска во проектите за нови објекти за кои се бараат градежни дозволи да мора да се предвидат и паркинзи за велосипеди.

Шанса за Центар: Во новите згради на секои 3 паркинг места треба да има 2 места за велосипеди