[Фото] Спорниот видео бим се вдоми пред „Човекот од Струга“

Билбордот со видео бимот што летото беше поставен пред муралот „Човекот од Струга“ – остана на локацијата и се уште го покрива современото уметничко обележје на Струга, иако досега реагираа и авторите на делото.

Муралот на Горан Ристовски, Марко Јанев и Енкел Дика беше направен со склоп на проектот „Струга креативен град“ во 2017, а за кратко време стана претпознатлива градска глетка за стружани и домашните и странски туристи. Оттука, неговото покривање во домашната и стручна јавност отвори прашање за тоа колкава е одговорностa за зачувување на уметничките вредности, истовремено и за планирањето и организирањето на јавниот простор.

Радио МОФ веќе пишуваше за случајот, а од Општина Струга до нашиот медиум не достави одговор дали и на кому дале дозвола за билбордот.

Б.Ш./М.К.