[Фото] Со жив ѕид во одбрана на единствената куќа која остана во Савамала

Неколку десетици граѓани од иницијативата „Не да(ви)мо Београд“ се собраа пред куќата на семејството Тимотијевиќ во областа Савамала и со жив ѕид не дозволуваат нивно принудно иселување, кое е предвидено да се случи за да продолжи изградбата на проектот „Белград на вода“.

„Се собравме за да им дадеме поддршка на Тимотијевиќ, за кои има закажано иселување, а ние се сложуваме со нив дека прво треба да заврши судската постапка, а не државата да го забрзува процесот. Таа постапка ќе тече многу потешко ако се сруши куќата. Ние сме овде бидејќи луѓето остануваат без домови за да се градат луксузни станови“, рече Марко Аксентијевиќ од иницијативата.

КАКО БИТКАТА ЗА БЕЛГРАД СТАНА БОРБА ПРОТИВ РЕЖИМОТ?

Како што јавуваат српските медиуми, на лице место се само два полицајци, а извршителите се уште ги нема. Иван Тимотијевиќ, чија куќа треба да биде срушена, е механичар по струка, а во куќата во Савамала живее со својата сопруга, ќерка и трите внуци. Тој од надлежните очекува да не го иселат и да не ја срушат куќата додека Врховниот суд не донесе пресуда за спорот околу сопствеништвото.

Прашан за тоа дали му е понуден стан за да излезе од куќата, Тимотијевиќ рече дека „тој не е јак пензионер“ и дека се поставува прашањето како би ги плаќал сметките за тој стан.

„Има луѓе кои ги враќаат становите, не можат да ги плаќаат тие станарини. Кога сте убедени дека имате куќа, а тие ви даваат стан од кој ве бркаат според некои клаузули. Со државата е тешко да се излези на крај“, вели Тимотијевиќ.

Рушењето беше планирано да започне во 11 часот, а иницијативата претходно ги повика граѓаните да покажат солидарност со ова семејство и да им порачаат на надлежните и нивните извршители дека кровот над глава за обичните граѓани е поважен од нечиј профит. Протестот помина без инциденти.

КСЕНИЈА РАДОВАНОВИЌ, „НЕ ДА(ВИ)МО БЕОГРАД“: ОД СЕПТЕМВРИ СЕ ВРАЌАМЕ НА УЛИЦА ВО ОДБРАНА НА САВАМАЛА