[Фото] „Не низ Водно“ – еко-активисти со порака против изградба на гасовод низ парк шумата  

Еко-активисти поинтензивно се активираа и патролираат по сртот каде е планирана гасоводната траса, а денес кај багерите со транспарент упатија порака „Не низ Водно“.

Претходно, најавија дека и со жив штит ќе го бранат заштитеното подрачје од налетите на механизацијата.

Интензивирањето на активностите за доаѓаaт откако Владата најави дека нема намера да се откаже од изградбата на гасоводот. Додека активистите досега реагираа за несоодветна документација, уништување на шумски фонд и ендемични видови, и бараат нова соодветна студија и алтернативна траса надвор од парк-шумата, аргументот на Владата е дека гасоводот е национален еколошки проект. Тврдат дека нова траса не е можна поради правни проблеми со експропријација, губење на заем со исплата на дополнителни камати, натамошно поттикнување на греење со огревни дрва.