[Фото] Накитена традиционалната новогодишна елка во Охридското Езеро – нуркачите ја посветија на децата со ретки болести

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со поддршка на волонтерите на Црвен Крст Охрид, во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка во Охридското Езеро.

Како и секоја, така и оваа нова 2024 година нуркачите елката им ја посветија на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат од денес па се до крајот на јануари.

Нуркачите од „Амфора“ велат дека со овој настан истовремено им ја честитаат новата 2024 година на сите граѓани на Македонија.

Видеоснимка од китењето на подводната елка може да најдете на следниов ЛИНК.

Фотографии: Нуркачко друштво „Амфора“