[Фото] Купишта ѓубре пред влезот на градинка во Тетово

Слика од преполни контејнери и расфрлано ѓубре наоколу, пред влезот на градинката во тетовската населба „Поток“, во петокот поставија граѓани на социјалните мрежи.

Фотографијата, според објавата, е направена околу 14 часот тој ден.

Граѓаните коментираат дека глетката е „страшна“ и дека покажува „негрижа за децата“, додека еден корисник поставил и фотографија од пред четири години од истото место со преполни контејнери, со коментар дека „ништо не е променето од тогаш“.

Фотографија од истото место пред четири години ФОТО: Фејсбук

Овие контејнери често се преполнуваат, а се поставени на место по кое децата газат за да влезат во градинката.

Тетово, последниве години, е еден од најзагадените градови во Македонија. Освен проблемот со аерозагадувањето, долгогодишен проблем е и дивата депонија на излезот од градот која и покрај многубројните ветувања од надлежните, не е расчистена.