[Фото] Блокада на пат и протест против депонија во Кичевско

Месните заедници од селата Дворци и Лисичани информираат дека вчера се одржал мирен протест помеѓу селата Дворци и Лисичани, Општина Пласница, во близина на нелегална депонија за отпад.

При протестот бил блокиран и локалниот патот, со цел да укажат на проблемот со депонијата.

„Упатени беа официјални барања по писмен пат до Општина Пласница и до Влада на Република Македонија за итно стопирање на одлагањето на отпад и итна дислокација на нелегалната депонија. Имено, депонијата претставува опасност по здравјето и имотот на жителите во општината бидејќи е скоро секојдневно запалена, така што шири опасна, токсична смрдеа и претставува огромна опасност од шумски пожар“, соопштуваат од месните заедници.

Исто така, велат тие, проблематично е што депонијата се наоѓа на стотина метри од изворот за чиста вода „Питран“ и реката Треска.