[Фото] Активисти направија куќички за вдомување на кучињата од скопските маала

Како новогодишен подарок од групата за урбани уметнички/урбани акции, во Паркот на Франкофонијата во Скопје се појавија десет колоритни куќички за вдомување на кучињата кои живеат од скопските маала.

Активистите најавија дека куќичките во текот на денот ќе бидат наместени на различни локации низ главниот град.

„Среќна нова скопски стритери. Скопје може да биде и убав град“, соопштија активистите.