Флашираната вода има 3.500 пати поголемо влијание врз околината од водата од чешма

Истражувачите, откриле дека влијанието на флашираната вода врз екосистемите е 1.400 пати поголемо од влијанието на водата од чешма, пренесува „Гардијан“.

Истражувањето е прво од овој вид и го истражува влијанието на флашираната вода во Барселoна, каде што флашираната вода станува сè попопуларна и покрај подобрувањето на квалитетот на водата од чешма во последните години.

Истражувањето е предводено од Институтот за глобално здравје во Барселона, а открива дека доколку популацијата на Барселона пие исклучиво флаширана вода, тоа би резултирало со 3.500 пати повисок трошок на природни ресурси.

Истражувачите исто така откриваат дека влијанието на флашираната вода врз екосистемите е 1400 пати повисоко.

Авторите заклучуваат дека намалувањето на влијанијата врз животната средина

„Здравствените причини не го оправдуваат растечкото користење на флаширана вода. Строго кажано, пиењето н водата од чешма е полоша за локалното здравје, но кога на вага ќе се стават двете опции, придобивките од пиење флаширана вода се многу минимални. Прилично очигледно е дека влијанието на флашираната вода врз природата е поголемо од влијанието на водата од чешма“, истакнала водечката истражувачка Кристина Виљануева.

Во САД, потребни се 17 милиони буриња масло за да се задоволи потребата за годишното производство на шишиња за вода. Дополнително, флашираната вода е најмалку 500 пати поскапа од водата во чешма.

„Мислам дека ова истражување може да го намали користењето на флашираната вода, но потребни се повеќе активни мерки за тоа да се промени. На пример, во Барселона можеме да имаме повеќе образовни кампањи за да ја поткренеме јавната свест дека здравствените придобивки од пиењето флаширана вода се многу мали споредени со штетите што се прават врз околината. Мораме да го подобриме пристапот до јавна вода, до јавни фонтани, до јавните институции. Мораме да го подобриме пристапот до вода на улиците. Луѓето имаат доверба во флашираната вода бидејќи маркетингот врши добра работа и ги убедува луѓето дека флашите се добра опција, па треба да се потрудиме да ја прикажеме и другата страна“, нагласила Виљануева.