Филипинскиот остров Боракај привремено затворен за туристи за да не го претворат во „септичка јама“

Филипинскиот остров Боракај ќе биде затворен за туристи во наредните шест месеци поради загриженост дека може да дојде до оштетување на недопрениот брег.

Портпаролот на претседателот Родриго Дуарте соопшти дека островот ќе биде затворен од 26 април.

На почетокот на годинава, Дуарте изјави дека овој остров, познат по белиот песок и милионите туристи кои секоја година го посетуваат, се претвора во „септичка јама“.

Како што се наведува, одлуката предизвикала загриженост кај илјадниците луѓе кои живеат од туризмот.

На него работат околу 500 фирми кои се поврзани со туризмот, а филипинската влада истакна дека тие фирми ќе добијат финансиска помош.

Се уште не се знае како ќе се спроведе затворањето, иако секретаријатот за трговија и индустрија предложи затворањето да се одвива во фази.

Потегот доаѓа откако владата изрази загриженост за животната средина на островот, пред се затоа што локалните фирми испуштаат отпадна вода во водите на островот, а во февруари претседателот ги осуди хотелите, рестораните и останатите туристички објекти за испуштање на канализацијата директно во морето.