Фестивалот „Литера“ распиша откупен конкурс за илустрации на тема „Свет за љубов“

Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ најави дека ќе откупи дел од авторските илустрации од конкурсот за илустрации на тема „Свет со љубов“.

Конкурсот се организира во рамките на петтото издание на „Литера“ што оваа година ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на современата уметност.

Организаторите истакнуваат дека конкурсот е наменет за професионални илустратори, кои би изработиле илустрации за деца.

Конкурсот е отворен до 30 април, а сите заинтересирани илустрации може да се пријават  со не помалку од 2, а не повеќе од 5 авторски дела.

„Од пријавените уметници ќе бидат избрани 5 илустратори, а од секој од петтемина фестивалот „Литера“ ќе откупи најмалку по едно дело. Нивните илустрации ќе бидат дел од годинашната изложба на фестивалот во МСУ на која ќе учествуваат реномирани илустратори од регионот“, посочуваат од „Литера“.

Изложбата во oктомври ќе биде поставена и во македонскиот Културно-информативен центар во
Загреб.

Сите заинтересирани автори своите дела со куса биографија во должина од една страна, своите дела можат да ги испратат на електронската пошта litera.festival@gmail.com со назнака: За конкурсот на „Литера“.

Победниците ќе бидат соопштени најдоцна до 10 мај.