Фејсбук и Инстаграм ги затворија профилите на Кадиров

Фејсбук и Инстаграм ги затворија профилите на чеченскиот претседател Рамзан Кадиров кој имаше повеќе од три милиони следбеници на Инстаграм, а околу 760.000 на Фејсбук.

Тој е познат како страстен корисник на Инстаграм, добро познат по тоа што често споделува фотографии и вести за Чеченија и за неговото семејство.

Во средата, американското Министерство за финансии го стави Кадиров на листата на санкционирани лица под „Законот Магнитски“. Американските претставници го обвинија дека ја „надгледувал администрацијата поврзана со исчезнувања и неоправдани убиства”.