Европска куќа отворена и во Велес, петта по ред во Македонија

Во Велес вчера се отвори Европска куќа, соопшти Делегацијата на Европската Унија.

Оттаму велат дека првите гости на новото „место на новата генерација“ биле младите велешани кои ги презентирале своите уметнички дела и ги споделиле своите очекувања од новиот урбан простор.

„Амбасадорот Дејвид Гир постави неколку ‘правила’ за негово користење: секоја тема е важна, секој е добредојден, направи сам/а свој настан, соработувај, слушај ги постарите (но, не премногу), забавувај се! Добредојде во ‘Europe House’ семејството, Велес“, напишаа од Делегацијата на Европската Унија на Фејсбук.

Инаку, европски куќи има и во Скопје, Крива Паланка, Струмица, а неодамна се отвори и во Битола.