Едукативна прошетка низ изложбата „Жените архитекти“

Архитектонската изложба „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ поставена во Музеј на Република Северна Македонија, а сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дознаат повеќе за содржината и важноста на изложената содржина и проектот  може да се пријават за учество во едукативна прошетка.

Оттаму информираат дека едукативните прошетки ќе се одржат две недели по ред, првата на 27 февруари, а втората а 6 март, 2022 година.

„Бројот на учесници во прошетката е ограничен на 20 лица, а за учество потребно е да се пополни пријава според датумот на прошетката“, велат од Музејот.

Пријавата за учество на едукативна прошетка во недела на 27 февруари е достапна ТУКА.

Пријавата за учество на едукативна прошетка во недела на 6 март 2022 е достапна ТУКА.

Прошетката ќе биде предводена од Бојана Јанева која има долгогодишно искуство како историчарка на уметноста и се вложува кон промовирање и доближување на културата до сите граѓани кои сакаат да искусат еден поинаков поглед кон градот Скопје и неговите содржини.

Учеството на прошетката е бесплатно.