Е.Д.Е.Н: Општина Кисела Вода за една година позитивно одговорила на 2.505 барања за легализирање на дивоградби

Општина Кисела Вода во период од една година, од 1 ноември 2021 до 1 ноември 2022 година, постапила по 2.505 барања за легализација на дивоградби, а позитивно одговорила на сите.

Овие наоди се дел од акцијата на Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н, кои податоците ги добила преку барање за слободен пристап до информации.

Оттаму посочуваат дека од посочените 2.505 барања за легализирање на дивоградби,  887 подносители го платиле побараниот надоместок и добиле решение за легализација.

Во рамки на акцијата на Е.Д.Е.Н била извршена и јавна анкета во Кисела Вода, а оттаму нагласуваат дека анкетираните граѓани на терен.

„Граѓаните беа едногласни дека не смее да има можност за легализација на дивоградби, дека институциите мора да работат по закон и да не ги одолговлекуваат процесите за изработка на одобренија за градба со што поттикнуваат нелегално градење“, велат од Е.Д.Е.Н.

Акцијата на здружението била заокружена и со поставка во јавен простор, исто со фокус на дивоградби, со која се цели да се покаже дека дивоградбите го нарушуваат квалитетот на живот и дека е неопходен системски пристап и заеднички напори за да се надмине проблемот.