Џулијан Асанж исчезна од Твитер

Корисничкото име @JulianAssange, под кој официјално се водеше основачот на Викиликс, не постои на Твитер.

Од засега непознати причини профилот на контроверзниот Џулијан Асанж е избришан. Според информациите на „Интернет Архивот“, сервис кој правел скен на профилот на Асанж на секој час од 18-ти септември, најверојатно корисничкото име @JulianAssange било избришано помеѓу 1 и 2 часот по полноќ, пренесува интернет порталот Гизмодо.

Најверојатно профилот не е суспендиран од Твитер, а последната „кеширана“ верзија од неговиот профил покажува дека тој немал напишано твит од петокот. Во меѓувреме, официјалниот профил на Викиликс функционира нормално и нема коментирано за исчезнувањето на нивниот основач од социјалната мреажа.

Од Гизмодо се обратиле до Твитер и Викиликс за дополнителни информации, но до пишување на текстот не добиле одговор.