Две млади жени го склопија првото животно партнерство во Црна Гора

Две млади жени со потекло од Балканот, а кои работат и живеат во странство се венчаа во Будва, пренесува „Н1“.

Нивното партнерство е првото партнерство кое е официјално склопено во рамки на Законот за животно партнерство на лицата од ист пол во Црна Гора, со кое истополовите партнери откако ќе го кажат „судбоносното да“ можат да добијат уверение за склучениот брак.

Црна Гора овој месец го усвои Законот за животно партнерство, кој стапи на сила на 15 јули.

Министерката за јавно управување, дигитализација и медиуми, Тамара Срзентиќ, на парот им посакала многу среќа во заедничкиот живот.

„Денес е значаен ден за ЛГБТИ+ заедницата и горда сум што во нашата земја е склучено првото животно партнерство на личности од ист пол“, објавила министерката на „Твитер“.

Иако Законот за животно партнерство на лицата од ист пол е усвоен пред половина година, Срзентиќ истакна дека е потребно да се направи многу повеќе за да бидат исполнети сите предуслови за неговата примена.