Две членки на „Пуси Рајот“ приведени во Сибир

Руската полиција приведе две членки на панк-рок групата „Пуси Рајот“, откако претходно одржале протест во знак на поддршка за уапсениот украински режисер во сибирскиот град Јакутск.

Марија Алјохина, едно од членките на групата која и претходно е апсена поради протести против рускиот претседател Владимир Путин, напиша на нејзиниот Твитер дека со другата членка Олга Борисова, е приведена во Јакутск.

Алјохина во објавата наведува дека тие се одведени во полициска станица откако вчера протестирале во знак на поддршка за режисерот Олег Сенчов, кој издржува 20-годишна затворска казна, откако е осуден за терористички дејствија во Јакутск.

Тие биле уапсени под сомнение дека извршиле административен прекршок бидејќи одржале неодобрен собир.

Алјохина вчера објави фотографии и видео од краткиот протест на групата на мостот, при што случајот на Сенчов беше наречен „еден од клучните политички случаи во историјата на земјата“.

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин го поздрави нивниот протест.

„Почит за „Пуси Рајот“ поради изградбата на мастот на слободата во Јакутск“, наведе тој на неговиот Твитер профил.

Сенчов е осуден за организирање на подметнатиот пожар во просториите на прокремаљската партија на Крим откако Русија го присоедини полуостровот во март 2014 година.