ДПМ ќе одбележи 77 години од основањето со отворен поетски ден

По повод 77-годишнината од постоењето, Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на 13 февруари 2024 година со почеток во 11 часот во својата свечена сала организира Отворен поетски ден.

„Проф. д-р Васил Дрвошанов и проф. д-р Александар Прокопиев ќе одржат беседи за поезијата на Блаже Конески, Ацо Шопов и Славко Јаневски – тројцата основачи и претседатели на ДПМ“, се вели во соопштението.

Исто така, на настанот ќе има поетско читање и настап на повеќе македонски поети.

Инаку, ДПМ е најстарата писателска асоцијација во Македонија формирана на 13 февруари 1947 година од страна на најреномираните тогашни писатели: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател е избран Блаже Конески.