#ДомаСиЕДома: По германското, и француско езеро се најде на ваучерите за домашен туризам

Прекрасна природа и еден параглајдер кој надлетува во близина на езерото Анси во Франција. Вака изгледа фотографијата која е ставена на ваучерите за домашен туризам од македонската платформа и кампања за летување во државава насловена „Дома си е дома“.

Фотографијата може да се најде на сервисот „Бигсток“ кој нуди избор од милион фотографии за преземање. Една од можностите кои ги нуди сервисот е бесплатно да се преземаат по пет фотографии на ден за период од седум дена, но, има и опции и за преземање поголем број фотографии за одредена цена.

Оргиналната фотографија на сервисот „Бигсток“

Од министерството за економија на седми јуни преку соопштение ја известија јавноста дека „ваучерите за домашен туризам ќе бидат испратени до граѓаните во текот на следната недела“.

Фотографијата со езеро од Франција, искористена за промоција на македонскиот туризам, следи откако за самата кампања на социјалните мрежи, беше користена фотографија од германско езеро. Вчера, насловната фотографија на платформата „Дома си е дома“, со езерото Кенигсе во Германија, беше заменета со друга фотографија, за која како што нaведуваат од Министерството за економија „е од домашна туристичка дестинација“.

Претходно, ваквиот потег наиде на огромни реакции на социјалните мрежи околу тоа зошто не се користи фотографија од државава.

„Македонија стана моја број 1 дестинација“, вели Симон Мигај, автор на фотографијата со која Владата промовира туризам