Доделување на „Роман на годината“ со музичка придружба на Гоце Стевковски на 18 август

Пред платото на МКЦ на 18 август (среда) од 20:30 часот ќе се одржи настан за доделување на реномираната книжевна награда „Роман на годината“.

За изминатата 2020 година добитник е Владимир Јанковски за романот „Скриени желби, немирни патувања“. Романот е во издание на издавачката куќа „Антолог“, а наградата ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.

На доделувањето е најавена и музичка придружба од Гоце Стевковски бенд.

Организаторот потенцира дека настанот ќе се одржи со со примена на сите протоколи за заштита од КОВИД-19.