Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“  во рамки на Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 39 романи, избирајќи 20 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат.

Избрани дела во првата селекција на конкурсот „Роман на годината“ за 2021 година се:

1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“
2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или Или“
3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или Или“
4. „Атласот на тајните“, Дејан Крстески – Гостивар: Д.Крстески
5. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
6. „Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“
7. „Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“
8. „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје
9. „Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“
10. „Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
11.„Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“
12. „Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“
13. „Баба“, Луан Старова, „Паблишер“
14. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“
15. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“
16. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или Или“
17. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“
18. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или Или“
19. „Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“
20. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“