Дискусија на тема „Кои предизвици ги носат новите трендови на употреба на дроги?“ денес во „Комитет“

Денеска, (26 јуни) во 18 часот ХОПС организира дискусија „Кои предизвици ги носат новите трендови на употреба на дроги?“.

„Рекреативната или повремената употреба на легални и илегални психоактивни супстанции е честа социо-културна практика, како во светот така и во СРМ. Употребата на дроги секогаш носи со себе ризици, како здравствени така и правни. Затоа, дискусијата има за цел да ги опфати проблемите со кои се соочуваат луѓето кои употребуваат психоактивни супстанции, како и промените во Кривичниот закон“, се вели во најавата.

Модератор на панел-дискусијата ќе биде проф. д-р Ирена Цветковиќ, а гостинки ќе бидат Наташа Бошкова, адвокатка и Андријана Пејчиновска, волонтерка во ХОПС.

Дискусијата ќе се одржува во „Комитет“, а може да се проследи и онлајн на Фејсбук страницата на ХОПС.