„Диско брас“ со скопски брас квинтет на „Школка“

Со хитови од „АББА“, „Џексон 5“, „Бони М“, Џејмс Браун и „Би Џис“, скопскиот брас квинтет ќе ги забавува скопјани во време кога дискотеките се затворени.

Денес, на 13 јуни, со почеток од 11 и 30 часот претпладне, на „Школка“ во градскиот парк, скопскиот брас квинтет ги повикува сите граѓани на танц со физичко растојание.

Во составот на Скопскиот брас квинтет ќе настапат Стефан Илиев  (труба), Вилијам Баракоски  (труба),  Благоја Василевски (хорна), Никола Ристевски  (тромбон), Александар Ниниќ (туба) и Мартина Баракоска (тапани).