Девојките во Непал ги фотографираат работите кои не смеат да ги допрат додека им трае менструалниот циклус

Тинејџерките во Непал, кои живеат во Синдули, на 130 километри југоисточно од Катманду, ги фотографираат работите кои им се забранети за време на нивниот менструален циклус, како дел од добротворната кампања WaterAid, предивикувајќи ги табуата на оваа тема и со желба да се подобрат санитарните услови за жените.

Секој месец во Непал, девојките се оделени од нивните фамилии, забрането им е да гледаат во сонцето, да допираат цвеќиња и овошје, па дури и да живеат во нивните домови. Во Непал, девојките за време на нивниот менструален циклус се сметани како „нечисти“ или „заразени“.

Оваа традиција се нарекува Чаупади, популарна во западните непалски хинду заедници, така што за девојките е вообичаено да бидат исклучени од интеракција со нивното семејство од 6 до 10 дена. Ова, исто така, се прави и откако ќе се породи девојка, за што е исклучена од каков било контакт во наредните десет дена.

Според верувањата, ако жена допре работи додека е нечиста ќе предизвика лоша среќа и болест. На жените им е забрането да јадат месо, млечни производи, овошје и зеленчуци поради страв дека нивната менструација ќе ги уништи производите.

Тие се принудени да живеат на ориз, сол и сува храна. Ова може да влијае врз образованието на девојката, психофизичкото здравје и врз нејзината улога во заедницата. Чаупади беше забранет од Врховниот суд на Непал во 2005 година, иако се уште се спроведува во руралните средини.

14-годишната Маниша, која се вклучи во проектот, објаснува кои беа ограничувањата кои и ги поставиле кога за првпат добила менструација:

„Престојував во нечија друга куќа за време на мојот прв менструален циклус. Не ми беше дозволено да одам на училиште, а како врв на тоа, не ми беше дозволено ниту да читам книга. Имаше погрешно верување дека ние не треба да учиме додека имаме менструација“.

Девојките, кои никогаш претходно не користеле апарати, им се даде можност да ја претстават нивната работа пред заедницата, на нивните пријатели и семејство, со цел да се покрене дискусија за табуата на оваа тема. Проектот е всушност кревање на гласот на 58 отсто од жените во Непал.

Барбара Форест, извршна директорка на кампањата, ги сподели мотивациите за спроведување на оваа акција:

„Молкот и стимата што ја опкружуваат менстрацијата ги попречува секојдневните животи на девојките. Покрај тоа, кога не постојат безбедни, приватни тоалети во училиштата, девојките често не посетуваат настава за време на нивниот циклус, или пак, се откажуваат од училиште кога ќе достигнат адолесценција. Без хигиенски услови, жените исто така ризикуваат да добијат инфекција“.

Во продолжение, неколку фотографии што ги направиле девојките во склоп на кампањата: