Деветто издание на студентската, филолошка конференција „Како си ми?“

Деветтото издание на филолошката, студентска конференција „Како си ми“, ќе се одржи на 30 септември, сабота, со почеток во 10 часот.

Во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, студентите филолози ќе ги претстават своите најдобри истражувачки трудови пред своите колеги, професори и љубители на филологијата.

Филолошката конференција се одвива уште од 2015 година, со цел да инспирира интерес и дискусија кај студентите.