Девет нови случаи на КОВИД-19 во последните 24 часа, направени 1.973 тестирања

Министерството за здравство информираше дека во последното деноноќие регистрирани се девет нови случаи на КОВИД-19 и тоа по четири во Скопје и Тетово, а еден нов случај е евидентиран во Кичево.

Од МЗ истакнуваат дека нема пријавено починати пациенти, додека пак, регистрирани се 53 оздравени лица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на КОВИД-19, а во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања.