143 новозаразени и 2 починати лица од Ковид-19, едното на 31 година

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19 и тоа 79 во Скопје, 16 во Гостивар, 12 во Кичево, осум во Дебар, седум во куманово, по шест во Тетово и Струга и три во Радовиш.

Нови два случаи се регистрирани во Струмица, додека по еден новозаболен од Ковид-19 е регистриран во Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски брод.

Од Министерството за здравство велат дека пријавени се две починати лица, на возраст од 31 и 70 години, а двете лица се починати во болнички услови.

Оттаму додаваат дека регистрирани се и 32 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099“, се вели во соопштението на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 1.022.293 тестирања на Ковид-19, а во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање.