Дебата: Први мај – Ден за работнички права или прослава?

Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Македонија, во среда (24 април) ја најавува панел дебатата на тема: „Први мај: Ден за работнички права или прослава?“. Дебатата ќе се одржи во ГЕМ Клубот, од 10:30 до 13:00 часот, а панелистите ќе зборуваат за нивното мислење во врска со одбележувањето на Први мај како и за ситуацијата на работниците во однос на нивните права.

Панелисти ќе бидат синдикални претставници, експерти, активисти, односно работници.

„Во период кога работниците од повеќето земји членки на Европската Унија го користат Празникот на трудот, Први мај за искажување на своето незадоволство во однос на условите за работа (безбедност и здравје при работа, технички услови, плати, надоместоци на плати), кај работниците во Македонија (како и во земјите од регионот) преовладува чувството дека Први мај е повеќе за прослава или традиционално за „скара“ (информации добиени од официјални анкети во РМ).

Со повторното појавување на организирани протести во минатите две години во чест на одбележувањето на Празникот на трудот, се појавува и прашањето дали се менува и чувството кај работниците во РМ во врска со светиот празник на работниците од целиот свет“, се посочува во најавата за дебатата.