„Цртај на македонски“ ја отвора Читалната на Горан Стефановски во Битола

Во четврток, со почеток во 16 часот во Универзитетската библиотека „Св Климент Охридски“ во Битола, во склоп на проектот Цртај на македонски, ќе биде отворена Читалната на Горан Стефановски.

„Неформално и опуштено, како што живееше Горан … ве очекуваме во четврток на 23 мај во 16.00 на добри муабети, на музика од винили со B-boy од плејлистите на Горан и со битолско пиво БАК“, велат организаторите на настанот. 

Специјални гости на отварањето ќе бидат глумците од Народен театар Битола.