„Coolest dead people“ – изложба на Кристина Карапеоска во МКЦ

На 25 јули (сабота) во 20 часот во МКЦ ќе биде претставена изложбата на Кристина Карапеоска.

„Сведоци сме дека низ историјата, живееле многу интригантни ликови, кои оставиле свој печат и придонес кон светот денес. Од самата таа причина, се издвојуваат од останатите и ги паметиме по некои нивни карактеристики. Па така ‘Coolest dead people’ претставува визуализација на збир на помалку познати, но сепак интересни факти за најкул ликови во историјата на човештвото (до сега). Од Леонардо да Винчи, Никола Тесла, Фројд, па сѐ до Боб Рос, овој збир на факти на кул мртви ликови изобилува со хумористичен приказ на најинтересните карактеристики на самиот лик“, стои во најавата за изложбата.

Карапеоска твори под псевдонимот Кик Флип и е дипломиран дизајнер, а активно се занимава со илустрација повеќе од 5 години.

Родена во Тетово 1991 година, дипломира во 2010 како дизајнер на Европскиот Универзитет во Скопје. Се инспирира од секојдневието, музиката и филмовите.

Карапеоска се вклучи и во иницијативата на Радио МОФ – #ИнстаИлустрации:

#ИнстаИлустрации – Кристина Карапеоска, Kik Flip